Задачи на здружението се:
- припрема на регионални и меѓународни проекти кои се од поширок
интерес и како такви имаат поголеми изгледи за имплементација
- понудување на потенцијални проекти до разни владини институции и
хуманитарни организации кои делуваат во Македонија и надвор од неа
- подобрување на условите за работа на инженерите
- примена на најновите достигнувања во областа на инженерството на
проектите имплементирани во Македонија
- соработка со слични здруженија и професионални организации во
земјата и во странство, како што се технички универзитети,
специјализирани технички училишта, инженерски фирми, хуманитарни
организации и невладини здруженија
- давање потполна стручна и логистичка поддршка на други
партнерски здруженија за проекти кои се иницирани и се
имплементираат од страна на тие здруженија во Македонија и надвор од
неа; по потреба членовите на Здружението ќе асистираат и надвор од
Македонија на повик на тие партнерски здруженија.
- поддршка за вработување на инженери во стопанството
- обезбедување побрза размена на информации за постдипломските
студии и научните истражувања меѓу неговите членови во Р.Македонија
и во странство
- здружението со своите партнерски здруженија низ целиот свет ќе
придонесува во достигнувањето на Милениумските цели на развој на
Обединетите Нации и потврдување на Декларацијата на правата на
Земјата
|