Инженери без граници - Македонија (ИБГ Македонија) е невладино и
непрофитно здружение на граѓани, формирано со цел да го подобри животот на
заедниците во Македонија преку идентификација, развој и имплементација на
инженерски проекти кои се економско оправдани и поддржани од
заедниците.
Активностите на ИБГ Македонија се засниваат на
принципите на слобода на здружување на инженерите. ИБГ Македонија е
независно здружение кое е вклучено во меѓународната мрежа на Инженери без
граници.
ИБГ Македонија заедно со своите партнерски здруженија низ
целиот свет ќе придонесува во достигнувањето на Милениумските цели на
развој на Обединетите Нации и потврдување на Декларацијата на
правата на Земјата. Тоа ќе се постигне со јакнење на капацитетот на
заедниците кој се дефинира како ” ... градење на хуман, институционален
и инфраструктурен капацитет за развивање на сигурен, стабилен и одржлив
развој на економските, владините и другите институции преку менторство,
тренинг, едукација, физички проекти, инфузија на финансиски и други
ресурси и најважно од се: инспирирање на луѓето да си го подобрат својот
живот” (Hutch 2004).
Официјален ИБГ Македонија Флаер
ИБГ Македонија и на Youtube
Кликни ОВДЕ за преглед на првата страница ИБГ Македонија на НАША ТВ - Кликни ОВДЕ
Кликни ОВДЕ за преглед на втората страница Втора годишница на ИБГМакедонија - Кликни ОВДЕ
|