Легислатива

ИБГ - МК Преглед
Историја
Цели на ИБГ - МК
Задачи на ИБГ - МК
Управен одбор
Надзорен одбор
Членство
Донирање
Прашања и одговори
 

Инженери без граници - Македонија (ИБГ-МК) е невладино и непрофитно здружение на граѓани, формирано со цел да го подобри животот на заедниците во Македонија преку идентификација, развој и имплементација на инженерски проекти кои се економско оправдани и поддржани од заедниците.

Активностите на ИБГ-МК се засниваат на принципите на слобода на здружување на инженерите. ИБГ-МК е независно здружение кое е вклучено во меѓународната мрежа на Инженери без граници.

ИБГ-МК заедно со своите партнерски здруженија низ целиот свет ќе придонесува во достигнувањето на Милениумските цели на развој на Обединетите Нации и потврдување на Декларацијата на правата на Земјата. Тоа ќе се постигне со јакнење на капацитетот на заедниците кој се дефинира како ” ... градење на хуман, институционален и инфраструктурен капацитет за развивање на сигурен, стабилен и одржлив развој на економските, владините и другите институции преку менторство, тренинг, едукација, физички проекти, инфузија на финансиски и други ресурси и најважно од се: инспирирање на луѓето да си го подобрат својот живот” (Hutch 2004).

 

 

 

Инженери без граници. Адреса: Партизански одреди 24, Скопје 1000.