Идејата за формирање на здружението Инженери без граници -
Македонија (ИБГ Македонија) потекнува од април 2006 година.
На молба
на мисијата на USAID во Македонија, Оливер Начевски и Слободан Игнатовски,
инженери на Проектот за Децентрализација на USAID, се погрижија за сите
технички и логистички аранжмани на групата студенти и нивни ментори на
здружението Инженери без граници од Унивезитетот на Флорида, САД.
Тие требаа да престојуваат во Македонија од 08 до 12 мај 2006 година со
цел да ги соберат првичните информации за проектот кој го работат: Модернизација на системот за менаџмент со цврст отпад за Кратово,
Македонија, инициран од волонтерката на Peace Corp во Кратово,
г-ѓица Katrina Finn.
Размената на искуства и идеи за време
на престојот на групата на ИБГ од Флорида само ја потенцира желбата за
основање на слично здружение и во Македонија.
Во разговорите со
повеќе колеги инженери со долгогодишно искуство во Македонија и во
странство, се потврди интересот за едно такво здружение кое ќе работи на
идентификација и имплементација на инженерски проекти во Македонија, а
средствата за тоа ќе се обезбедуваат од странски донации, владини
институции и локални донатори.
Здружението на граѓани ИБГ Македонија е
формирано на 29 ноември 2006 година од петмина основачи: Оливер
Начевски, Слободан Игнатовски, Владе Петковски, Мери Цветковска и Љупчо Димитриевски, сите градежни инженери.
Уште од самиот
почеток (јуни 2006), основачот на меѓународната мрежа на Инженери без
граници, проф. Bernard Amadei од Унивезитетот на Колорадо,
САД, даде безрезервна поддршна на нашето здружение, а веднаш по
регистацијата на здружението истото го вментна во списокот на членови на
меѓународната мрежа на ИБГ со оригиналното име - Inzeneri bez Granici -
Macedonia.
веб страница:
http://www.ewb-international.org |