ИБГ Македонија Преглед


Историја


Визија и мисија


Цели


Активности и услуги


Управен одбор


Надзорен одбор


Членство


Прашања и одговори

Член на ИБГ Македонија може да биде секој државјанин на Република Македонија или странец кој професионално или на некој друг начин е вклучен во инженерството и кој го прифаќа Статутот на Здружението и редовно плаќа членарина.

Членството може да биде обично или почесно.
Обичен член може да биде и секој државјанин на Р.Македонија или странец чие членство е потврдено од Собранието.
Почесен член е оној чие што членство е потврдено од Собранието заради негови посебни заслуги за Здружението.

Права на членовите се:

  • да ги спроведуваат нивните проесионални интереси преку активностите на Здружението
  • да бидат информирани за програмата, работата и финансиската состојба на Здружението
  • да учествуваат во работата на Здружението
  • да ги користат достигнувањата и резултатите од активностите на Здружението согласно договорените правила
  • да избираат и да бидат избрани во органите на Здружението
  • да донесуваат одлуки во органите на Здружението

Обврските на членовите се:

  • да учествуваат во реализација на целите и задачите на Здружението
  • да го почитуваат статутот и другите акти и договори донесени од органите на Здружението
  • да го информираат Здружението за се што е потребно за реализација на неговите цели и задачи
  • да го штитат угледот на Здружението
  • да ги штитат информациите кои се државна, воена или корпоративна тајна