|
Член на ИБГ-МК може да биде секој државјанин на Р.Македонија или
странец кој професионално или на некој друг начин е вклучен во
инженерството и кој го прифаќа Статутот на Здружението и редовно плаќа
членарина.
Членството може да биде обично или почесно.
Обичен член може да биде и секој државјанин на Р.Македонија или странец
чие членство е потврдено од Собранието.
Почесен член е оној чие што членство е потврдено од Собранието заради
негови посебни заслуги за Здружението.
Права на членовите се:
- да ги спроведуваат нивните проесионални интереси преку
активностите на Здружението
- да бидат информирани за програмата, работата и финансиската
состојба на Здружението
- да учествуваат во работата на Здружението
- да ги користат достигнувањата и резултатите од активностите на
Здружението согласно договорените правила
- да избираат и да бидат избрани во органите на Здружението
- да донесуваат одлуки во органите на Здружението
Обврските на членовите се:
- да учествуваат во реализација на целите и задачите на
Здружението
- да го почитуваат статутот и другите акти и договори донесени од
органите на Здружението
- да го информираат Здружението за се што е потребно за
реализација на неговите цели и задачи
- да го штитат угледот на Здружението
- да ги штитат информациите кои се државна, воена или корпоративна
тајна
|