|
Спонзори и партнери Добредојдовте на страницата за информации
за спонзорство.
Ви благодариме за Вашиот интерес за ИБГ-МК. Доколку има одредена
информација која Ви треба, а не може да ја најдете, Ве молиме побарајте
не на телефон 070/36 42 78 или испратете емаил на
contact@ewb-mk.com.
Корпоративно членство
Членството на фирмите нуди можност за било кој вид на фирми, од мали
консултантски фирми до големи корпорации. Нивото на членство се базира
на годишниот придонес и е достапна за сите фирми од било која големина.
Фирмите-членови се наевдени на официјалната веб страница на ИБГ-МК.
Новните членови се промовираат во билтенот на ИБГ-МК кој се издава на
секои три месеци. Предностите на секое од нивоата се:
Платиниумско членство - 100,000 МКД годишно (25,000 МКД
тромесечно)
- веб врска на почетната страна на веб страната на ИБГ-МК, која е
дел од светската мрежа на ИБГ
- истакнување на логото на фирмата на сите конференции и семинари
- бесплатна регистрација на тројца вработени на фирмата на
годишното собрание на Здружението
- објавување на нивото на членство, името на фирмата и нејзината
активност на официјалната веб страна на ИБГ-МК за спонзори
- признание за донирањето во секој билтен
- објавување на листата на членови во промотивните материјали
коисе користат за собирање донации и реклама
- објавување во годишниот извештај на Здружението
Златно членство - 50,000 МКД годишно (12,500 МКД тромесечно)
- бесплатна регистрација на двајца вработени на фирмата на
годишното собрание на друштвото
- објавување на нивото на членство, името на фирмата и нејзината
активност на официјалната веб страна на ИБГ-МК за спонзори
- признание за донирањето во секој билтен
- објавување на листата на членови во промотивните материјали за
собирање донации и реклама
- објавување во годишниот извештај на Здружението
Сребрено членство - 25,000 МКД годишно (6,250 МКД тромесечно)
- бесплатна регистрација на еден претставник на фирмата на
годишното собрание на друштвото
- објавување на нивото на членство, името на фирмата и нејзината
активност на официјалната веб страна на ИБГ-МК за партнери
- признание за донирањето во секој билтен
- објавување на листата на членови во промотивните материјали за
собирање донации и реклама
- објавување во годишниот извештај на Здружението
Стандардно членство - 12,000 МКД годишно (3,000 МКД тромесечно)
- објавување на нивото на членство, името на фирмата и нејзината
активност на официјалната веб страна на ИБГ-МК за партнери
- признание за донирањето во секој билтен
- објавување во годишниот извештај на Здружението
Спонзорства на проекти
Донациите можат да се насочат директно на специфични (конкретни)
проекти од страна на поединци, фирми, здруженија или други групи. Истите
можат да бидат во форма на готовина, услуги или материјлни добра.
Донациите се поделени во две групи:
- над 50,000 МКД - признание за донаторот во печатените
материјали за проектот на страниците со краток опис и заклучок, како
и признание на веб страната на ИБГ-МК со описот на проектот
- од 5,000 до 50,000 МКД - признание на веб страната на
ИБГ-МК со описот на проектот
Примери за донации за конкретни проекти:
- над 50,000 МКД - поголеми донации кои овозможуваат проектниот
тим да патува до заедницата и со донацијата да се комплетира целиот
или поголем дел од проектот. Такви активности вклучуваат:
транспортни трошоци, сместување, исхрана, преведување, материјали
кои се набавуваат локално, опрема која локално се изнајмува или
изработува, работна рака во заедницата каде се реализира проектот,
геохидролошки испитувања, тестирање на квалитетот на водата и
слично.
- од 5,000 до 50,000 МКД - донации со кои можат да се изгради
помал објект или изврши реконструкција во помал обем, да се набави
пумпа за вода, опрема за помала заедница, цемент, песок, керамиди
или друг градежен материјал и слично
Спонзорство за семинари и годишно собрание
Секој семинар и годишно собрание дава многу можности за спонзорирање
кое е специфично во зависност од целите на семинарите. Специфичните
услови се дадени во материјалите за секој од овие настани. Воопштено,
предностите за спонзорство на настаните организирани од страна на ИБГ-МК
се:
Платиниумско спонзорство (3 максимално) - 75,000 МКД по спонзор
- примарно признание на спонзорството за време на главното
обраќање
- признание на сите конференциски материјали
- признание на веб страната на ИБГ-МК
- признание во тромесечниот билтен на ИБГ-МК каде е наведен
настанот
- реклами на спонзорот на настанот
- присуство на настанот
- изложбен простор на настанот
Златно спонзорство - 20,000 до 50,000 МКД
- признание на сите конференциски материјали
- признание на веб страната на ИБГ-МК
- признание во тромесечниот билтен на ИБГ-МК каде е наведен
настанот
- реклами на спонзорот на настанот
Спонзорство за стипендии - 5,000 до 30,000 МКД
Спонзорството овозможува присуство на домашни и меѓународни учесници
на настанот.
- 30,000 МКД - 1 меѓународен учесник-експерт на семинар или
годишно собрание
- 10,000 МКД - 1 домашен учесник-експерт на семинар или годишно
собрание
- 5,000 МКД - 1 домашен учесник на семинар
Спонзорство за награди (10 максимално) - 5,000 МКД по награда
На годишното собрание се доделуваат награди за извонредна работа во
претходниот период. Предностите на спонзорот се:
- идентификација како спонзор на наградата на наградната плакета
- признание на спонзорството на награди во сите конференциски
материјали
- признание на веб страната
Спонзорство за приемот/банкетот - 25,000 МКД
Бенефиции на спонзорот се:
- реклама во просторот за прием на учесници
- признание на спонзорството на награди во сите конференциски
материјали
- признание на веб страната
|