Контакт: Партизански Одреди 24 Скопје 1000
Република Македонија
Реализирани активности / проекти на ИБГ Македонија:
Проект за соларна енергија во основното училиште Добре Јованоски во Прилеп, Македенија, заедно со ИБГ Грција, ИБГ Косово и ИБГ Кипар (започнат во 2009 година)
Континуирана техничка и логистичка поддршка на Студентскиот оддел на ИБГ Универзитет на Флорида, САД, на имплементација на проектот Модернизација на системот за менаџмент со цврст отпад во Кратово, Македонија (од мај 2006)
Работилница: Раководење со проектниот циклус и користење на програмот МС Проџект (декември 2008) за 24 членови на ИБГ Македонија (дипломирани инженери и студенти на разни технички факултети)
Изработка на Инженерски извештај со предмер-пресметка за реконструкција на објектот на Македонскиот Балет и Опера во Скопје (јануари 2008)
Изработка на Документи за животна средина по нормативи на УСАИД за реконструкција на 10 основни училишта во 10 општини во Македонија (февруари 2008)
Надзор на реконструкцијата на основни училишта за УСАИД Македонија (август 2007)
Надзор за градежните работи за Делегацијата на ЕУ во Македонија на општински сервисни центри во Македонија
Присуство на Саемот на општини и граѓански здруженија во ноември 2007 година кога ИБГ Македонија донирање 120,000.00 МКД во услуги за техничка ревизија и надзор на реконструкција на објекти во кои учат или престојуваат деца ромчиња